Стар Завет

Нов Завет

Исаија 24:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Земјата ќе биде запустена, сосем ограбена, зашто Господ одлучи.

4. Земјата тажи, венее, светот гине, згаснува, небото пропаѓа со земјата.

5. Земјата е онечистена под своите жители, зашто го престапија Законот, ја изгазија одредбата, го нарушија вечниот Завет.

6. Затоа проклетството ја проголтува земјата, нејзините жители се виновни. Затоа се изгорени земните жители и малку луѓе останаа.

7. Виното тагува, лозата венее, воздивнуваат сите што беа со весело срце.

Прочитајте целосна глава Исаија 24