Стар Завет

Нов Завет

Исаија 23:4-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Срами се, Сидоне, зашто морето зборува: „Не ме фаќаат породилни болки, ниту раѓам, ниту хранам момчиња, ниту одгледувам девојки.”

5. Египетците ќе се растреперат кога ќе ги чујат вестите за Тир.

6. Отпловете во Тарсис, ридајте, жители на приморјето.

7. Дали е тоа вашиот весел град, што постои од дамни времиња и што нозете го носеа далеку за да се насели таму?

8. Кој го одлучи тоа против свечениот Тир, чии трговци беа кнезови, а прекупувачите првенци на земјата?

9. Господ над Воинствата одлучи така, за да ја засрами горделивата слава, за да ги понижи сите прочуени на земјата.

10. Обработувај ја земјата, тарсиска ќерко, го нема веќе твоето пристаниште!

11. Господ ја крена Својата рака на морето и ги растресе царствата. Господ заповеда да се разурнат ханаанските тврдини.

12. Рече: „Не ќе воскликнуваш веќе, засрамена девице, сидонска ќерко!” Стани и замини во Китим; ни таму не ќе имаш мир.

Прочитајте целосна глава Исаија 23