Стар Завет

Нов Завет

Исаија 23:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. ”Ридајте, тарсиски бродови, разурната е вашата тврдина!”

15. Ќе се случи, во оној ден, Тир да биде заборавен седумдесет години, како деновите на еден цар. А по седумдесет години на Тир ќе му биде како на блудницата од песната:

16. „Земи ја харфата и скитај низ градот, заборавена блуднице! Свири убаво, пеј многу, за да те спомнат!”

17. По седумдесет години Господ ќе го посети Тир. И градот ќе ја добива пак својата блудничка плата. Ќе блудствува со сите царства на лицето на земјата.

18. Но неговата печалба и плата ќе Му бидат посветени на Господа; не ќе бидат вложени во сокровиште ниту ќе бидат чувани, туку неговата добивка ќе биде за оние кои престојуваат пред Господа, за да имаат храна до наситување и пристојна облека.

Прочитајте целосна глава Исаија 23