Стар Завет

Нов Завет

Исаија 23:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророштво за Тир: Ридајте, тарсиски бродови, зашто е разурната вашата тврдина! Соопштено им е додека се враќаа од Китимската Земја.

2. Молкнете, жители на приморјето, сидонски трговци, чии гласници бродеа по морето по голема вода.

3. Сеидба на Нил, жетва на Реката, беа негово богатство. Тој им беше пазар на народите.

4. Срами се, Сидоне, зашто морето зборува: „Не ме фаќаат породилни болки, ниту раѓам, ниту хранам момчиња, ниту одгледувам девојки.”

5. Египетците ќе се растреперат кога ќе ги чујат вестите за Тир.

6. Отпловете во Тарсис, ридајте, жители на приморјето.

7. Дали е тоа вашиот весел град, што постои од дамни времиња и што нозете го носеа далеку за да се насели таму?

Прочитајте целосна глава Исаија 23