Стар Завет

Нов Завет

Исаија 20:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Тогаш Господ рече: „Како што Мојот слуга Исаија одеше гол и бос три години, како знак и чудо за Египет и Етиопија,

4. така асирскиот цар ќе одведе затвореници од Египет и заточеници од Етиопија: млади и стари, голи и боси, со откриени бедра, за срам на Египет.

5. Тогаш ќе се збунат и ќе се засрамат заради Етиопија, својата надеж, и заради Египет, својата горделивост.

6. И жителите на ова приморје ќе речат во оној ден: ‘Ете, тоа е нашата надеж, кон која прибегнуваме за да ни помогне и за да нè спаси од асирскиот цар. А како да се спасиме ние?’”

Прочитајте целосна глава Исаија 20