1. Пророштво за Моав. Опустен во ноќта, разорен падна Моавскиот Ар! Разурнат во ноќта падна Моавскиот Кир!
2. Се искачуваат кон Девонскиот храм, на високи места за да плачат; за Нево и за Медев, Моав рида! Сите глави се истрижени, а сите бради избричени;
3. облекуваат вреќи на улиците, а ридаат на неговите покриви! Сите ридаат на неговите раскрсници и пролеваат солзи.
4. Лелекаат Есевон и Елеал, плачот се слуша до Јаса. Затоа им се тресат слабините на Моав, трепери неговата душа;
5. Моавовото срце липа, неговите бегалци одат до Сигор. Да, за да се искачуваат плачејќи по ридот Луит; по Оронаимскиот Пат се разлева лелек над пропаста.
6. Да! Нимримските води станаа пустина: тревата се исуши, тревите исчезнаа, нема веќе зеленило.
7. Затоа печалбата што ја спечалија и она што заштедија ги носат преку Потокот на Врбите.
8. Да! пискот се разлева низ моавскиот крај: ридањето му е до Еглаим, плачењето му е до Вир-Елим.