Стар Завет

Нов Завет

Исаија 14:24-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Господ над Воинствата се заколна: „Што намислив, ќе се збидне, што наумив, ќе се изврши!

25. Ќе ја скршам Асирија во Својата земја, ќе ја згазам на Своите гори. Неговиот јарем ќе падне од нив, неговото бреме ќе падне од нивните плеќи.

26. Таква одлука е донесена против целата земја; таква рака е испружена против сите народи!

27. А кога Господ над Војските одлучи, кој ќе се воспротиви? Кога ќе ја испружи раката, кој ќе ја одврати?”

28. Во онаа година кога умре царот Ахаз беше објавено ова пророштво:

29. „Не радувај се, сета Филистејска Земјо, дека се скрши жезалот што те удираше, зашто од змииниот корен ќе излезе лутица, што ќе роди крилест змев.

30. Првородените на сиромасите ќе се нахранат и сиромасите ќе почиваат во безопасност; со глад ќе го умртвам твојот род и ќе го погубам тоа што ќе остане од тебе.

31. Ридајте врати! Извикувај, граду! Трепери, цела Земјо Филистејска! Зашто доаѓа дим од север, и неговите чети никој не ги напушта!”

32. Што ќе им се одговори тогаш на гласниците на народите? „Господ го основа Сион, и во него се заштитени бедните на неговиот народ.”

Прочитајте целосна глава Исаија 14