Стар Завет

Нов Завет

Исаија 14:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Сите тие ќе ти прозборуваат: ‘И ти си скршен како нас, стана сличен со нас.

11. Твојата гордост се сурна во Подземјето, и вревата на твоите харфи; под тебе е легло на гнилеж, а црвите се твоја покривка.’

12. Како падна од небото Деницо (Светлоносецу), сине Зорин? Како ли си симнат на земјата ти, угнетувачу на народите?

13. Зборуваше во своето срце: ‘Ќе се искачам на небесата, над Божјите ѕвезди ќе си издигнам престол за себе. На собирната гора ќе престолувам, на краен север.

14. Ќе се искачам во облачните висини, ќе бидам еднаков со Сèвишниот.’

Прочитајте целосна глава Исаија 14