Стар Завет

Нов Завет

Исаија 14:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Да, ќе му се смилува Господ на Јакова и пак ќе го избере Израел, ќе му даде да почине во својата земја. Ќе му се придружи придојденикот и ќе му се приклучи на Јакововиот дом.

2. Самите народи ќе дојдат по нив и ќе ги одведат во нивниот крај, а Израелевиот Дом ќе ги наследи нив во Господовата земја како слуги и слугинки. И ќе ги заробат оние кои ги пленија нив, и ќе господарат над своите угнетувачи.

3. Во денот кога Господ ќе ти даде да починеш од своите страдања, немири и од тешкото робување со кои те притиснаа,

4. ќе му ја запееш оваа пословица на вавилонскиот цар: „Како го снема насилникот? Како исчезна угнетувањето?

5. Господ го скрши злосторничкиот стап и владетелското жезло

6. што бесно ги биеше народите со удари без крај, што владееше гневно над народите, прогонувајќи ги без милост.

7. Во починка мирува сета земја воскликнувајќи од радост.

Прочитајте целосна глава Исаија 14