Стар Завет

Нов Завет

Исаија 13:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Од далечен крај, од границите на небото доаѓаат тие, Господ и оружјата на Неговиот гнев, за да ја погубат целата земја.

6. Ридајте, зашто е близу Господовиот ден, како гибел доаѓа од Сèмоќниот.

7. И затоа сите раце ослабуваат, секое човечко срце се истоштува,

8. стравотија ги обори, веќе ги опфатија труднички болки, и се грчат како родилка. Исплашени се набљудуваат еден друг, лицата им се како пламен.

9. Ете доаѓа лутиот Господов Ден гнев и јарост - за да ја претвори земјата во пустина, за да ги истреби грешниците од неа.

10. Зашто небесните ѕвезди а ни соѕвездијата не ќе блескаат веќе со светлина, сонцето ќе потемнее изгревајќи, и месечината не ќе свети веќе.

Прочитајте целосна глава Исаија 13