Стар Завет

Нов Завет

Исаија 11:5-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Тој со правда ќе ги препаше бедрата, а со верност страните.

6. Волкот ќе живее со јагнето, рисот ќе лежи со јарето, телето и лавчето ќе пасат заедно, а мало детенце ќе ги води.

7. Кравата и мечката ќе пасат заедно, а нивните млади ќе лежат заедно, лавот ќе јаде слама како говедо.

8. Доилче ќе си игра над дупката на змијата, цицалчето ќе ја вовлекува раката во змииното легло.

9. Не ќе се прави повеќе зло, не ќе се опустува на сета Моја света гора: земјата ќе се исполни со знаење за Господа, како што морињата се полнат со вода.

10. Во оној ден: Јесеевиот корен, ќе биде издигнат како знаме на народите, луѓето ќе го бараат Него. И Неговото престојување ќе биде славно.”

11. Во оној ден: Господ ќе ја испружи раката повторно за да го откупи Остатокот на Својот народ, оние што ќе останат од Асирија и од Египет, од Патрос, од Етиопија и од Елам, од Сенар, од Емат и од морските острови.

12. Ќе им издигне знаме на народите, ќе им ги собере на Израел заробениците и ќе им ги собере на Јуда распрснатите, од сите четири краишта на земјата.

13. Ќе ја снема Ефремовата љубомора, ќе бидат истребени Јудините непријатели; Ефрем нема веќе да му завидува на Јуда, а Јуда не ќе му биде непријател на Ефрема.

14. Ќе им седнат на вратот на Филистејците на запад, заедно ќе ги пленуваат синовите на исток; својата рака ќе ја испружат на Едом и Моав, Амоновите синови ќе им бидат покорни.

Прочитајте целосна глава Исаија 11