Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 8:2-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Погледнав, и ете: тука како некој човек; од неговите слабини надолу како оган, а од неговите слабини нагоре како блескање, нешто слично на усвитена ковина.

3. Испружи нешто слично на рака и ме фати за косата на главата. Тогаш Духот ме подигна меѓу земјата и небото и ме однесе во Божји привид во Ерусалим, при влезот на внатрешната врата, што е свртена кон север, каде што стои идолот на љубомората што предизвикува љубомора.

4. И ете, таму беше Славата на Израелевиот Бог, како што ја видов во долината.

5. И ми рече: „Човечки сине, подигни ги очите кон север!” И ги подигнав очите кон север. И ете, идолот, на ревноста беше и на север, покрај вратата на жртвеникот, на страната кон влезот.

6. И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што прават тие тука? Тоа се големи гнасности што Израелевиот дом ги прави тука, само за да Ме отстрани од Моето светилиште. А ќе видиш и полоши гнасности!”

7. И ме поведе до вратата на дворот. Погледнав, и ете, пукнатица во ѕидот.

8. И ми рече: „Човечки сине, пробиј го тој ѕид!” Го пробив ѕидот, а тоа - влез!

9. И ми рече: „Влези и погледај ги стравотните гадности што тука се прават!”

10. Влегов и погледнав, и ете, секакви слики на лазачи и на гнасни животни - сè идоли на Израелевиот дом, нашарани на ѕидот, секаде наоколу.

11. А пред тие идоли седумдесет луѓе од старешините на Израелевиот дом, и меѓу нив и Сафановиот син Јазаниј. И кај секого од нив во раката кадилница, од која се подигаше густ облак на силно мирислив темјан.

12. И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што во таа темнина прават старешините на Израелевиот дом, секој во својата насликана соба? И уште зборуваат: ‘Господ не нè гледа, бидејќи Господ ја напушти земјата!’

13. И уште ми рече: „А ќе видиш и полоши гнасности што се прават тука!”

14. И ме поведе до вратата на Господовиот Дом што се свртени кон север. И ете, таму седеа жени и го оплакуваа Тамуза.

15. И ми рече: „Гледаш ли, човечки сине? А ќе видиш и полоши гнасности од овие!”

16. И ме поведе во внатрешниот двор на Господовиот Дом. Таму, при влезот во Господовиот Храм, меѓу тремот и жртвеникот, имаше околу дваесет и пет луѓе, свртени со плеќите кон Господовиот Храм, а со лицето кон исток, и таму кон исток му се поклонуваа на сонцето

Прочитајте целосна глава Езекиел 8