Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 47:4-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Таму пак измери илјада лакти и ме помина преку водата, а водата беше до колена. И пак измери илјада лакти и ме помина преку водата што беше до појасот.

5. Пак измери илјада лакти, ама таму беше поток што не можев да го поминам, зашто водата придојде та требаше да се плива: тоа беше поток што не можеше да се помине.

6. И ме праша: „Гледаш ли човечки сине?” И ме одведе назад, на брегот на потокот.

7. И кога се вратив, ете, на брегот имаше многу дрва на обете страни.

8. И ми рече: „Оваа вода тече во источниот крај, се спушта во Арабах и тече во морето; а кога ќе се влее во морето, водите ќе му оздрават.

9. И каде и да потече потокот, секое суштество што се движи ќе биде живо; и ќе има мошне многу риби, зашто каде и да дојде оваа вода, сè оздравува и оживува - каде и да протече овој поток.

10. И рибарите ќе рибарат вдолж морето: Од Ен Гад до Ен Еглаим ќе се сушат мрежи; и ќе има мошне многу секакви риби како во Големото Море.

11. А мочуриштето на она море и неговите бари не ќе оздрават: ќе бидат за сол.

12. Вдолж потокот на обете страни ќе растат секакви овошки: лисјата нема да им паѓаат и од нив нема да снемува плод; секој месец ќе раѓаат нов плод, зашто водата им дотечува од Светилиштето. Нивниот плод ќе биде за јадење, а лисјата за лек.”

13. Господ Бог зборува вака: „Ова се границите во кои ќе ја поделите земјата во наследство меѓу дванаесетте Израелеви племиња - на Јосифа два дела.

14. Секому од вас ќе му припадне еднакво од земјата за која се заколнав дека ќе им ја дадам на вашите татковци, а вам ќе ви припадне во наследство.

15. И така, овие се границите на земјата: на север, од Големото Море патем кон Етлон до влезот во Емат: Седад,

Прочитајте целосна глава Езекиел 47