Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 47:13-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Господ Бог зборува вака: „Ова се границите во кои ќе ја поделите земјата во наследство меѓу дванаесетте Израелеви племиња - на Јосифа два дела.

14. Секому од вас ќе му припадне еднакво од земјата за која се заколнав дека ќе им ја дадам на вашите татковци, а вам ќе ви припадне во наследство.

15. И така, овие се границите на земјата: на север, од Големото Море патем кон Етлон до влезот во Емат: Седад,

16. Вирот, Сивраим, меѓу областа на Дамаск и областа на Емат, и Асад Атихон, кон Авранската граница.

17. И така, границите ќе се тегнат од морето до Асар Атихон, кому на север му е Дамасканското и Ематското подрачје - северната страна.

18. Источната страна: меѓу Авран и Дамаск, меѓу Галад и Израелевата Земја, па до Јордан како граница кон Источното Море до Тамар - источната страна.

19. Јужната страна: кон југ од Тамара до Меривските Води и до Кадис па до потокот кон Големото Море - јужната страна, кон југ.

20. А западната страна: граница е Големото Море, па во близина до влезот во Емат - тоа е западната страна.

21. Таа земја разделете ја меѓу себе според Израелевите племиња.

22. Ќе ја поделите со жрепка во наследство меѓу себе и меѓу придојдениците, кои што живеат сред вас и што сред вас народија деца. И нив ќе ги сметате домородци меѓу Израелевите синови, за да добијат и тие наследство со жрепка меѓу Израелевите синови.

23. На секој тој придојденик доделете му наследство во племето во кое што живее” - говори Господ Бог.

Прочитајте целосна глава Езекиел 47