Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 43:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. И ете, славата на Израелевиот Бог доаѓаше од исток; шумот и е како шум на големи води: и земјата блескаше од Неговата слава.

3. Тоа привидение што го гледав беше како привидот што го видов кога дојдов да го уништам градот и како привидението што го видов покрај реката Хевар, и паднав на лицето.

4. А Господовата слава влезе во Домот низ вратата што гледаше кон исток.

5. Тогаш Духот ме подигна и ме одведе во внатрешниот двор. И ете: Домот беше полн со Господовата Слава.

Прочитајте целосна глава Езекиел 43