Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 42:10-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. По широчината на ѕидот на дворот кон исток, пред самото здание, имаше уште простории.

11. Пред нив имаше премин како пред собите сместени кон север: со иста должина и со иста широчина; и сите нивни излези, распоредот и вратите, им беа еднакви.

12. Беа како влезовите во собите што беа кон југ: влез на почетокот на секој премин, спроти ѕидот на зданието, кон исток на оној кој влегуваше во нив.

13. И ми рече: „Северните и јужните простории пред заградениот простор се простории на Светилиштето: таму свештениците кои Му пристапуваат на Господа ќе ги јадат најголемите светини. Тие ќе ги оставаат тука најголемите светини, лебниот принос, жртви за грев и жртви за престапи, зашто тоа место е свето.

14. А кога свештениците ќе влегуваат, нема да излегуваат од Светилиштето во надворешниот двор, туку ќе ја оставаат облеката во која ја служеа службата, зашто е света, и ќе облекуваат друга облека, за да можат да му се приближат на местото одредено за народ.”

15. Откако ја измери внатрешноста на Домот, ме изведе низ источната врата и измери сè наоколу.

16. Со мерачка трска ја измери источната страна: беше пет стотини трски, мерачки трски,

17. а потоа се сврти и ја измери северната страна: беше пет стотини трски, мерачки трски.

18. Тогаш се сврти кон јужната страна и измери: пет стотини трски, мерачки трски.

19. Потоа се сврти кон западната страна и измери: пет стотини трски, мерачки трски.

20. Тој го измери ѕидот на сите четири страни наоколу: беше долг пет стотини трски и широк пет стотини. Го одвојуваше светото место од несветото.

Прочитајте целосна глава Езекиел 42