Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 42:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А потоа ме поведе кон север, во надворешниот двор, и ме доведе во просторијата спроти заградениот простор, спроти зданието кон север.

2. Нивното чело на северната страна беше долго сто лакти, а широко педесет лакти.

3. Спроти дваесетте лакти вратата на внатрешниот двор и спроти плочникот на надворешниот двор беа ходници еден спроти друг на три ката.

4. Пред просториите беше премин кон внатрешноста, широк десет лакти и долг сто лакти. Вратите им беа свртени кон север.

5. Горните простории беа помали, зашто ходниците им го одземаа просторот, од долните и од средните.

6. Зашто беа на три ката, но немаа столбови како во дворот. Затоа горните простории беа потесни од долните и од средните.

Прочитајте целосна глава Езекиел 42