Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 40:8-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Го измери тремот на вратата одвнатре: беше широк осум лакти;

9. а неговите полустолбови два лакти. Тремот на вратата беше од внатрешната страна.

10. На секоја страна на источната врата беа по три соби. И сите три беа со иста мерка. Така и полустолбовите: од двете страни беа со иста мерка.

11. Потоа ја измери вратата: беше широка десет лакти и висока тринаесет лакти.

12. Пред собите имаше ограда од еден лакот од едната и од другата страна. Секоја соба шест лакти од едната, и шест лакти од другата страна.

13. А потоа ја измери вратата од задната страна на спротивната соба, во широчина: беше дваесет и пет лакти, врата спроти врата.

14. Го измери и тремот: дваесет лакти. Дворот беше сè околу тремот на вратата.

15. Од влезната страна на вратата до спротивната страна на нивниот трем беа педесет лакти.

16. На собите и на нивните довратници, од внатрешната страна сè наоколу, а исто така и во тремот, имаше прозорци со решетки. Таквите прозорци беа одвнатре сè наоколу, а на полустолбовите, палми.

17. Потоа ме одведе во надворешниот двор на Домот. И ете, сè околу дворот простории и плочник. Триесет простории врз плочник.

18. Подот беше од секоја страна на вратата и му одговараше на рамништето на вратата. Тоа е долниот под.

19. Тој ја измери широчината на дворот од долната врата до внатрешниот двор, од надворешната страна: сто лакти на исток и на север.

20. И ги измери широчината и должината на северната врата на надворешниот двор.

21. А таа имаше по три соби од секоја страна, а нивните столбови и тремови со исти мерки како кај првата врата: во должина педесет лакти и во широчина дваесет и пет лакти.

22. Нивните прозорци, тремови и палми беа со исти мерки како на источната врата, а на нивниот приод седум басамаци; тремот им беше од внатрешната страна.

Прочитајте целосна глава Езекиел 40