Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 4:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А ти, човечки сине, земи плитар, постави го пред себе и нацртај го врз него градот Ерусалим.

2. Постави опсада околу него, изгради тврдина спрема него, крени насип, ископај околу него окоп, постави ја војската и размести ги ѕидокршачите наоколу.

3. Потоа земи железна плоча и постави ја како железен ѕид меѓу себе и градот, та сврти го лицето кон него и ќе биде опсаден. Притисни го! Тоа е знак за домот Израелев!

4. Потоа легни на својата лева страна и стави го врз себе гревот на домот Израелев: колку денови ќе лежиш така, толку денови ќе го носиш нивниот грев.

5. Ти давам по ден за година на нивните гревови: триста и деведесет денови ќе го носиш гревот на домот Израелев.

6. А кога ќе го завршиш тоа, ќе лежиш четириесет денови на десната страна, за да го носиш гревот на Јудиниот дом; ти давам по ден за секоја година.

Прочитајте целосна глава Езекиел 4