Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 38:16-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Ќе нападнеш на Израел, на Мојот народ како облак кога ја покрива земјата. Во последните денови ќе те доведам против Својата земја, за да Ме запознаат народите, кога врз тебе Гоже, пред нивните очи, ќе ја покажам Својата светост.”

17. Господ Бог зборува вака: „Не си ли ти тој за кого што зборував во древни денови, преку своите слуги, Израелевите пророци, кои што пророкуваа во она време дека ќе те доведам против нив?

18. Во оној ден кога Гога ќе падне врз Израелевата Земја - говори Господ Бог - гневот ќе Ми пламне во Мојата јарост.

19. Во Мојата ревност и во огнот на Мојот гнев, одлучив: Во оној ден ќе има силен потрес во Израел.

20. И ќе се тресат под мене морските риби и небесните птици, полските ѕверови и лазачите што ползат по земјата и сите луѓе што живеат на неа. Планините ќе се урнат, стрмнините ќе паднат и ќе се срушат сите ѕидови!

21. И по сите Свои гори ќе повикам меч против него - говори Господ Бог - со меч ќе се крене брат против брата!

22. Ќе му судам со помор и со крв. И ќе спуштам силен поројник и град од камења, оган и сулфур врз него, врз неговите чети и врз многуте народи што ќе бидат со него.

23. И ќе се возвеличам и ќе се објавам пред сите народи, и ќе познаат дека Јас Сум Господ.”‘

Прочитајте целосна глава Езекиел 38