Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 38:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми дојде Господовото слово:

2. ”Човечки сине, сврти го лицето кон Гога, во земјата Магога, кон големиот кнез Рош на Месех и Тувал, пророкувај против него.

3. Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве ме против тебе, Гоже, голем кнезу на Рош Месех и Тувал!

4. Ќе те намамам и ќе ти ставам узди во вилицата, ќе те изведам тебе и сета твоја војска - коњите и коњаниците, големо мноштво во потполна опрема - сè во оклопи и со штитови, сè вешти со мечеви.

5. Со нив е и Персија, Етиопија, и Пут - сите со штитови и шлемови;

6. потоа Гомер и сите негови чети, домот Тогарма од крајниот север со сите негови чети - многу народ со тебе!

7. Подготви се добро ти и сето мноштво што се собрало околу тебе и застани му на чело!

8. По многу денови ќе добиеш заповед; по многу години ќе нападнеш на земјата, избавена од меч и собрана од Моите народи, на Израелевите гори, некогаш долго пусти: откако ги изведов од народите, сите живееја спокојно.

9. Ќе се дигнеш, ќе дојдеш како невреме, како облак што ја покрива земјата, ти и твоите чети, а со вас многу народи!”

10. Господ Бог зборува вака: „Во тој ден мислите ќе ти се ројат во срцето и ќе сковаш лош наум.”

11. Ќе речеш: ‘Ајде да се кренам против небранетата земја, да нападнам на мирен народ што живее спокојно без ѕидови, и без лостови, и без врати:

Прочитајте целосна глава Езекиел 38