Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 37:7-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. И јас почнав да пророкувам како што ми беше заповедано. И додека проповедав стана шушкање и помрднување, и коските почнаа да се собираат.

8. Погледнав, и ете, на нив пораснале жили и месо; се покрија со кожа, но уште немаше дух во нив.

9. И ми рече: „Пророкувај му на духот, човечки сине, пророкувај и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Дојди од сите четири ветра, духу, и вдахни во овие трупови за да оживеат!”‘“

Прочитајте целосна глава Езекиел 37