Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 37:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. И јас почнав да пророкувам како што ми беше заповедано. И додека проповедав стана шушкање и помрднување, и коските почнаа да се собираат.

8. Погледнав, и ете, на нив пораснале жили и месо; се покрија со кожа, но уште немаше дух во нив.

9. И ми рече: „Пророкувај му на духот, човечки сине, пророкувај и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Дојди од сите четири ветра, духу, и вдахни во овие трупови за да оживеат!”‘“

10. И почнав да пророкувам како што ми заповеда и духот влезе во нив и оживеаја и застанаа на нозе - многу, многу голема војска.

11. Ми рече: „Човечки сине, тие коски - тоа е сиот Израелев дом. Еве, тие велат: ‘Ни се осушија коските и ни пропадна надежта, загинавме!’

12. Затоа пророкувај и речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Јас ќе ги отворам вашите гробови, ќе ве изведам од вашите гробови народу Мој, и ќе ве одведам во Израелевата Земја!

13. И ќе знаете дека Јас Сум Господ, кога ќе ги отворам вашите гробови, Мој народу!

Прочитајте целосна глава Езекиел 37