Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 37:6-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Ќе ве обложам со жили, ќе ве обложам со месо, ќе ве завиткам со кожа и ќе вдахнам дух во вас, и ќе оживеете - и ќе знаете дека Јас Сум Господ!”‘“

7. И јас почнав да пророкувам како што ми беше заповедано. И додека проповедав стана шушкање и помрднување, и коските почнаа да се собираат.

8. Погледнав, и ете, на нив пораснале жили и месо; се покрија со кожа, но уште немаше дух во нив.

9. И ми рече: „Пророкувај му на духот, човечки сине, пророкувај и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Дојди од сите четири ветра, духу, и вдахни во овие трупови за да оживеат!”‘“

10. И почнав да пророкувам како што ми заповеда и духот влезе во нив и оживеаја и застанаа на нозе - многу, многу голема војска.

11. Ми рече: „Човечки сине, тие коски - тоа е сиот Израелев дом. Еве, тие велат: ‘Ни се осушија коските и ни пропадна надежта, загинавме!’

12. Затоа пророкувај и речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Јас ќе ги отворам вашите гробови, ќе ве изведам од вашите гробови народу Мој, и ќе ве одведам во Израелевата Земја!

13. И ќе знаете дека Јас Сум Господ, кога ќе ги отворам вашите гробови, Мој народу!

14. И ќе го вдахнам Својот Дух во вас за да оживеете, и ќе ве доведам, во вашата земја, и ќе знаете дека Јас, Господ, зборувам и правам - говори Господ Бог.’”

15. И ми дојде Господово слово:

16. ”А ти човечки сине, земи дрво и напиши врз него: ‘Јуда и Израелевите синови, неговите сојузници!’ Тогаш земи друго дрво и напиши врз него: ‘Јосиф - Ефремово дрво - и сиот Израелев дом, негов сојузник.’

17. И состави ги во едно дрво за да бидат како една во твојата рака!

18. А кога синовите на твојот народ те прашаат: ‘Сакаш ли да ни објасниш што значи тоа?’ -

Прочитајте целосна глава Езекиел 37