Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 37:18-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. А кога синовите на твојот народ те прашаат: ‘Сакаш ли да ни објасниш што значи тоа?’ -

19. Речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве, ќе го земам Јосифовото дрво, што е во Ефремовата рака, Јосифовото дрво и на Израелевите племиња, на неговите сојузници, и ќе го составам со Јудиното дрво та од нив ќе направам едно дрво; обата ќе бидат едно во Мојата рака.”‘

20. Обете дрва врз кои што ќе го напишеш ова, нека ти бидат во раката, пред нивните очи.

21. И речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве, ќе ги соберам Израелевите синови од народите во кои што дојдовте, ќе ги соберам отсекаде и ќе ги одведам во нивната земја.

22. И ќе направам од нив еден народ во земјата, во Израелевите гори и еден цар ќе им биде на сите, и тие веќе не ќе бидат два народа и не ќе бидат веќе разделени на две царства.

23. И веќе не ќе се онечистуваат со идолите, ни со своите грозотии, ни со пороците. Ќе ги избавам од сите нивни неверства со кои се огрешија, и ќе ги очистам, и тие ќе бидат Мој народ, а Јас нивен Бог.

24. А мојот слуга Давид ќе им биде Цар, и сите ќе имаат еден Пастир. Ќе живеат по Моите закони, пазејќи ги и вршејќи ги Моите наредби.

25. Ќе живеат во земјата што му ја дадов на Мојот слуга Јаков, во која што живееја вашите татковци: во неа ќе престојуваат и нивните синови, и синовите на нивните синови довека. И Мојот слуга Давид ќе им биде Кнез довека.

26. Ќе склучам со нив завет на мир; тоа ќе биде вечен Завет со нив. Ќе ги утврдам и ќе ги умножам, и ќе го поставам Своето Светилиште меѓу нив засекогаш.

27. Моето живеалиште ќе биде меѓу нив, и Јас ќе бидам нивен Бог, а тие Мој народ!

28. И кога Моето Светилиште биде засекогаш меѓу нив, сите народи ќе знаат дека Јас Сум Господ, Кој го осветува Израел.”‘“

Прочитајте целосна глава Езекиел 37