Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 37:10-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. И почнав да пророкувам како што ми заповеда и духот влезе во нив и оживеаја и застанаа на нозе - многу, многу голема војска.

11. Ми рече: „Човечки сине, тие коски - тоа е сиот Израелев дом. Еве, тие велат: ‘Ни се осушија коските и ни пропадна надежта, загинавме!’

12. Затоа пророкувај и речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Јас ќе ги отворам вашите гробови, ќе ве изведам од вашите гробови народу Мој, и ќе ве одведам во Израелевата Земја!

13. И ќе знаете дека Јас Сум Господ, кога ќе ги отворам вашите гробови, Мој народу!

14. И ќе го вдахнам Својот Дух во вас за да оживеете, и ќе ве доведам, во вашата земја, и ќе знаете дека Јас, Господ, зборувам и правам - говори Господ Бог.’”

15. И ми дојде Господово слово:

16. ”А ти човечки сине, земи дрво и напиши врз него: ‘Јуда и Израелевите синови, неговите сојузници!’ Тогаш земи друго дрво и напиши врз него: ‘Јосиф - Ефремово дрво - и сиот Израелев дом, негов сојузник.’

17. И состави ги во едно дрво за да бидат како една во твојата рака!

18. А кога синовите на твојот народ те прашаат: ‘Сакаш ли да ни објасниш што значи тоа?’ -

19. Речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве, ќе го земам Јосифовото дрво, што е во Ефремовата рака, Јосифовото дрво и на Израелевите племиња, на неговите сојузници, и ќе го составам со Јудиното дрво та од нив ќе направам едно дрво; обата ќе бидат едно во Мојата рака.”‘

20. Обете дрва врз кои што ќе го напишеш ова, нека ти бидат во раката, пред нивните очи.

21. И речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве, ќе ги соберам Израелевите синови од народите во кои што дојдовте, ќе ги соберам отсекаде и ќе ги одведам во нивната земја.

Прочитајте целосна глава Езекиел 37