Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 35:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. ”Човечки сине, сврти го лицето кон Сирската Гора и пророкувај против неа!

3. Речи и: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против тебе, Сирска Горо! Ќе ја подигнам раката против тебе и ќе те претворам во запустеност и пустина.

4. Ќе ги разурнам твоите градови, и ќе станеш пустина. И ќе знаеш дека Јас Сум Господ!

5. Вечна омраза гоеше и на меч им ги предаваше Израелевите синови кога ќе им се случеше несреќа и кога ќе им чукаше часот на последниот грев.

6. Затоа, животот Ми Мој - зборува Господ Бог - ќе те предадам на крв и крвта ќе те гони: крвта не ја мразеше, крвта ќе те гони!

7. Од Сирската Гора ќе направам запустеност и пустина, ќе ги истребам од неа и минувачот и повратникот.

8. Нејзините гори ќе ги наполнам со трупови: по твоите брежиња, по твоите долини и по твоите котлини ќе паѓаат покосени од меч.

9. Ќе направам од тебе вечна пустина, твоите градови нема да се населат. И ќе знаете дека Јас Сум Господ!

10. Ти рече: ‘Овие два народа и овие две земји ќе бидат мои; ние ќе ги завладееме, ако и да беше Господ таму!’

11. Затоа, животот Ми Мој - говори Господ Бог - ќе постапам со тебе според гневот и ревноста со кои постапи ти во својата омраза кон нив! Ќе Ме запознаеш по тоа како ќе ти судам!

12. И ќе знаеш дека Јас Господ, ги чув сите твои хули што ги изрече на Израелевите Гори, говорејќи: ‘Запустија, нам ни се дадени за храна!’

13. Се фалевте против Мене, зборувавте против Мене и ги умножувавте зборовите против Мене; Јас чув!”

Прочитајте целосна глава Езекиел 35