Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 32:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во дванаесеттата година, во дванаесеттиот месец, во првиот ден, ми дојде Господовото слово:

2. ”Човечки сине, заплачи над фараонот, египетскиот цар, и кажи му: ‘Лавче на народите, пропадна! Ти беше како крокодил во водата, шумеше во твоите реки; ја матеше водата со нозете, и ги надигаше брановите!’

3. Господ Бог зборува вака: ‘Ете, ќе распнам мрежа над тебе со собир на многу народи: тие ќе те извлечат во Мојата мрежа.

4. Ќе те оставам на земјата, ќе удрам со тебе по почвата; ќе ги пуштам на тебе сите небесни птици и ќе ги нахранам земните ѕверови со тебе!

5. Ќе ти го расфрлам месото по горите, ќе ги покријам долините со твојата мрша.

6. Со тоа што ќе истече од тебе ќе ја напојам земјата; со твојата крв по горите и со неа ќе ги наполнам речните корита.

7. А кога ќе те угаснам, ќе ги смрачам небесата и ќе ги згаснам ѕвездите на нив! Со облак ќе го покријам сонцето и месечината не ќе свети со светлина.

8. Заради тебе ќе ги угаснам сите светилки на небото; и ќе распрострам мрак над земјата!’ говори Господ Бог!

9. ’Ќе ги смутам срцата на многу народи кога ќе ги одведам твоите заточеници во земја што ти е непозната.

10. Стравот ќе опфати многу народи, а нивните цареви ќе се ужаснат над тебе пред нивни очи. И во денот на твоето паѓање секој ќе трепери непрекратно за својот живот.’

Прочитајте целосна глава Езекиел 32