Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 31:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Еве, ќе те споредам со либански кедар, со убави гранки, со густи лисја и со високо стебло, врвот му стига до облаците.

4. Водата го отхрани и ја возвиши бездната; со своите реки му ги вадеше насадите, своите потоци ги испраќаше кон сите полски дрва.

5. И затоа тој со раст ги надвиши сите полски дрва. Гранките му се намножија, гранчињата му се разгранчија, од изобилната вода што дотечуваше до него;

6. небесните птици на неговите гранки виткаа гнезда. Под неговите гранки се раѓаа полските животни. А во неговата сенка седеа сите големи народи.

7. Тој беше убав со величината, и со широчината на своите гранки; жилите му стигаа до длабоките води!

8. Не му беа рамни ни кедровите во Божјата Градина, ни чемпресите не можеа да се споредат со неговите гранки, а јаворите не беа ни како неговите гранчиња! Ниедно стебло во Божјата Градина не му беше рамно по убавина.

9. Го украсив со мноштво гранки, и му завидуваа сите еденски дрва во Божјата Градина.’

10. Затоа Господ Бог зборува вака: ‘Бидејќи се воздигна на високо и нарасна врвот меѓу густите гранки, и од височината му се занесе срцето,

11. затоа го предадов во рацете на најмоќниот од сите народи за да направи со него според неговото беззаконие, и го отфрлив.

Прочитајте целосна глава Езекиел 31