Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 31:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. За да не се возвиши веќе со својот раст ниедно дрво покрај вода, и за да не го издигне својот врв до облаците! И за да ниедно дрво, што пие вода, не се надева во својата височина! Зашто сите и се предадени на смртта, фрлени во подземните краишта, сред човечките синови, со оние што слегуваат во јамата!’

15. Господ Бог зборува вака: ‘Во денот кога тој ќе слезе во Подземјето, во знак на жалост, ја затворив над него бездната и ги запрев неговите реки. И големите води пресушија, та сиот Ливан го замрачи по него и сите полски дрва се осушија заради него!

16. Со трескавицата од неговото паѓање ги стресов народите кога го фрлив главечки во Подземјето, со оние што слегоа во јамата! И во подземниот крај се утешија сите еденски дрва, најизбраните и најубавите во Ливан, сите што ја пиеја водата.

17. И тоа, неговата мишка, и тие меѓу народите кои седеа во неговата ладовина, слегоа со него во Подземјето кон оние што беа прободени со меч.

18. И така, на кого, од еденските дрва, личиш со својата сила, со славата и со величината? А сега со нив си оборен во подземниот крај, и лежиш со необрезаните меѓу оние што беа прободени со меч. Тоа се фараонот и сето негово мноштво - говори Господ Бог.”

Прочитајте целосна глава Езекиел 31