Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 3:24-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Господовиот Дух влезе во мене, ме исправи на нозе и рече: „Оди и затвори се во својот дом!

25. Врз тебе, еве, човечки сине, ќе ставам јажиња и ќе те врзам, и веќе не ќе излегуваш.

26. И јазикот ќе ти го залепам за непцето, та ќе онемиш и веќе не ќе ги кориш, зашто се одметнички род.

27. А кога Јас ќе ти проговорам, ќе ти ја отворам устата, и ти ќе им речеш: ‘Вака зборува Господ Бог!’ И кој сака да слуша, нека слуша, а кој не сака, нека не слуша, зашто се одметнички род.”

Прочитајте целосна глава Езекиел 3