Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 3:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми рече: „Човечки сине, проголтај го тоа што е пред тебе! Изеди го тој свиток, та оди и проповедувај му на Израелевиот дом!”

2. Ја отворив устата, а тој ми даде да го проголтам свитокот

3. и рече: „Човечки сине, нахрани го желудникот и насити ја утробата со свитокот што ти го давам!” И го изедов, и во устата ми беше сладок како мед.

4. Ми рече: „Човечки сине, оди кај Израелевиот дом и пренеси му ја мојата порака.

5. Не те праќам кај народ со непознат јазик и со неразбирлив говор, туку те праќам кај Израелевиот дом.

Прочитајте целосна глава Езекиел 3