Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 3:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми рече: „Човечки сине, проголтај го тоа што е пред тебе! Изеди го тој свиток, та оди и проповедувај му на Израелевиот дом!”

2. Ја отворив устата, а тој ми даде да го проголтам свитокот

3. и рече: „Човечки сине, нахрани го желудникот и насити ја утробата со свитокот што ти го давам!” И го изедов, и во устата ми беше сладок како мед.

4. Ми рече: „Човечки сине, оди кај Израелевиот дом и пренеси му ја мојата порака.

5. Не те праќам кај народ со непознат јазик и со неразбирлив говор, туку те праќам кај Израелевиот дом.

6. Не те праќам кај многу народи со непознат јазик и со неразбирлив говор, што ти не би можел да го разбереш. А кога би те и испратил кај нив, тие би те послушале.

7. А Израелевиот дом не ќе те послуша, зашто ни Мене не Ме слуша, зашто Израелевиот дом е со тврда глава и со закоравено срце.

8. Ете, затоа ќе го закоравам твоето лице како што е и нивното, и твојата глава ќе ја направам тврдоглава како што е и нивната.

9. И не бој се од нив и не плаши се, зашто тие се одметнички род!”

10. Ми рече: „Човечки сине, сите зборови што ќе ти ги речам земи ги на срце и послушај ги со своите уши.

11. И оди кај заробениците, кај синовите на својот народ, и речи им: ‘Вака зборува Господ Бог,’ послушале или не послушале!”

12. Тогаш Духот ме подигна, и јас чув зад себе силен глас. Господовата слава се подигна од своето место.

13. Го чув летањето на крилјата на оние суштества - удираа едно на друго и силното чкртање на колцата што се движеа со нив, и звук на силен гром.

Прочитајте целосна глава Езекиел 3