Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 27:31-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. И заради тебе ќе ги избричат главите, ќе се препашат со вреќиште, со јадосана душа ќе тажат по тебе и ќе заплачат горчливо.

32. Во тага ќе ти ја запеат тажачката, над тебе ќе тажат: „Кој град беше горделив како Тир сред морето?”

33. Зашто кога тој би го растоварил благото многу народи би ги наситил со тоа! Со изобилството на богатствата и со трговијата би усреќил многу земни цареви.

34. А ете, сега, морските бранови те здробија, потона во морските длабочини! Твоето богатство и сета посада потонаа со тебе.

35. Сите островски жители заради тебе се исплашија. Нивните цареви се наежија, главите ги наведнаа морално скршени.

36. Трговците на народите свиреа со уста по тебе, зашто ти стана страшило и те снема засекогаш!’”

Прочитајте целосна глава Езекиел 27