Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 27:27-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Твоето благо и твоето тргување, твоите ракотворби, твоите бродари и твоите кормилари, поправувачи на пукнатините, менувачите на твоето тргување, сите војници на тебе и сето мноштво сред тебе, ќе потонат на морското дно на денот на твојот бродолом!

28. На повикот за помош на твоите кормилари ќе се стресат бреговите.

29. И ќе слезат од своите бродови сите веслачи, сите бродари и сите кормилари и ќе останат на копно.

30. По тебе ќе тажат гласно и ќе стенкаат горчливо. Ќе ги посипуваат со пепел главите и ќе се прпелкаат во прав;

31. И заради тебе ќе ги избричат главите, ќе се препашат со вреќиште, со јадосана душа ќе тажат по тебе и ќе заплачат горчливо.

32. Во тага ќе ти ја запеат тажачката, над тебе ќе тажат: „Кој град беше горделив како Тир сред морето?”

33. Зашто кога тој би го растоварил благото многу народи би ги наситил со тоа! Со изобилството на богатствата и со трговијата би усреќил многу земни цареви.

34. А ете, сега, морските бранови те здробија, потона во морските длабочини! Твоето богатство и сета посада потонаа со тебе.

35. Сите островски жители заради тебе се исплашија. Нивните цареви се наежија, главите ги наведнаа морално скршени.

36. Трговците на народите свиреа со уста по тебе, зашто ти стана страшило и те снема засекогаш!’”

Прочитајте целосна глава Езекиел 27