Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 26:16-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. И нема ли тогаш сите кнезови на морето да слезат од своите престоли, да ги отфрлат своите наметки, и да ги симнат везените облеки, за да се облечат во страв, за да седнат на земја, треперејќи непрекратно ужаснати од твојата несреќа?

17. А потоа ќе затажат над тебе и ќе ти речат: „Како пропадна, како те снема од море, прославен граду, што беше толку силен на морето, ти и твоите жители, што и задаваа страв на целата земја?

18. Сега на денот на твојата пропаст островите ќе се стресат, островите на морето ќе се исплашат заради твојата пропаст!”‘

19. Зашто Господ зборува вака: ‘Кога ќе те претворам во пуст град, какви што се градовите во кои што веќе никој не престојува, и кога ќе доведам против тебе бездни, за да те покријат големи води,

20. ќе те спуштам со оние кои што слегоа во јама кон предамнешен народ, и ќе те сместам во најдолните краеви на земјата, во вечни пустини, со оние што слегоа во јамата, за да не се вратиш веќе во земјата на живите.

21. Ќе те претворам во ужас, и веќе не ќе те биде, ќе те бараат, но веќе никогаш не ќе те најдат!’ - говори Господ Бог.

Прочитајте целосна глава Езекиел 26