Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 26:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Ќе те претворам во гладок камен, ќе станеш сушилница за мрежи. Веќе никогаш нема да се подигнеш, зашто Јас, Господ, реков!’ - говори Господ Бог.

15. Вака му зборува Господ Бог на Тир: ‘А нема ли од трескањето на твоето паѓање и од офкањето на твоите ранети, кога ќе настане немил колеж во тебе - да се стресат сите острови?

16. И нема ли тогаш сите кнезови на морето да слезат од своите престоли, да ги отфрлат своите наметки, и да ги симнат везените облеки, за да се облечат во страв, за да седнат на земја, треперејќи непрекратно ужаснати од твојата несреќа?

17. А потоа ќе затажат над тебе и ќе ти речат: „Како пропадна, како те снема од море, прославен граду, што беше толку силен на морето, ти и твоите жители, што и задаваа страв на целата земја?

18. Сега на денот на твојата пропаст островите ќе се стресат, островите на морето ќе се исплашат заради твојата пропаст!”‘

Прочитајте целосна глава Езекиел 26