Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 26:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во единаесеттата година, во првиот ден на месецот, ми дојде Господово слово:

2. ”Човечки сине, зашто Тир воскликнуваше над Ерусалим: ‘Ха, ха! се скршија тие врати на народите, и се свртија кон Мене; ќе се збогатам: тој е запустен’ -

3. затоа Господ Бог зборува вака: ‘Еве Ме Тире, против тебе, ќе подигнам против тебе силни народи, како што морето ги подига брановите!

4. Ќе ги разурнам тирските ѕидови, и ќе ги разурнат сите негови стражарници. А Јас ќе му ја изметам и правта, ќе направам од него гладок камен!

5. Ќе биде сушилница за мрежи. Зашто Јас реков - зборува Господ Бог. И ќе им стане плен на народите.

6. А сите негови ќерки ќе паднат од меч во полето! Ќе знаат дека Јас Сум Господ!’

7. Зашто Господ Бог зборува вака: ‘Ете, ќе го доведам против Тир од север Навуходоносор, вавилонскиот цар, царот над царевите, со коњи и со бојни коли, со коњаници, со чети и со мноштво народ.

8. Твоите ќерки ќе ги исечат со меч во полето! Ќе подигнат опсадни стражарници против тебе, ќе насипат насипи против тебе, и ќе подигнат штитови против тебе.

9. Против твоите ѕидови ќе ги насочат ѕидокршачите, и твоите стражарници ќе ги оборат со куки!

10. Од неговите безбројни коњи сиот ќе те покрие прав, а од шумот на коњаниците и тркалата и на нивните бојни коли ќе се затресат твоите ѕидови, кога ќе поминуваат низ твојата врата, како што поминува низ освоен град.

11. Со копитата на своите коњи ќе ти ги изгазат сите улици; ќе го истепаат твојот народ со меч, и ќе ги срушат твоите столбови.

12. Ќе го ограбат твоето богатство, ќе го разграбат твоето благо! Ќе ги разурнат твоите ѕидови, и ќе ги срушат твоите прекрасни куќи! Камењата, дрвото, твојот прав ќе ги фрлат во морето!

13. А Јас ќе го прекратам шумот на твоите песни, и веќе нема да се чуе звукот на твоите харфи!

Прочитајте целосна глава Езекиел 26