Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 25:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. ”Човечки сине, сврти го своето лице кон Амоновите синови та пророкувај против нив!

3. Речи им на Амоновите синови: ‘Послушајте го словото на Господ Бог! Господ Бог зборува вака: „Затоа што вие воскликнувавте: ‘ха, ха’ над Моето Светилиште, кога тоа беше обесветено, и над Израелевата Земја, кога таа беше запустена, и над Јудиниот дом, кога заминуваше во ропство,

4. еве, ќе ве предадам, во сопственост на синовите на Исток, за да ги оптегнат среде вас нивните шатори; за да ги постават своите живеалишта. Тие нека ги јадат твоите плодови и нека го пијат твоето млеко;

5. ќе направам од Рава пасишта за камили а од Амоновите синови - овчари. И ќе знаете дека Јас Сум Господ.”

6. Зашто Господ Бог зборува вака: „Бидејќи си плеснал со раце и си удрил со нога, така што си се зарадувал со презир во своето срце за Израелевата Земја;

7. еве, затоа, Јас ќе ја протегнам Својата рака врз тебе и ќе те предадам на разграбување од народите, и ќе те отсечам од племињата, ќе те истребам од земјите; ќе те уништам, и ќе познаеш дека Јас Сум Господ.”

8. Господ Бог зборува вака: „Затоа што Моав и Сир зборуваа: ‘Ете, Јудиниот дом е како на сите народи,’

9. еве, ќе ги откријам моавските стрмнини, за да останат од крајот до крајот без градови, што и беа украс на земјата: Вет-Есимот, Вал-Меон и Киријатаим.

10. Ќе им ги дадам во сопственост на синовите на Исток, на непријателите на Амонците, за да не се спомнуваат веќе Амоновите синови меѓу народите!

11. Така ќе го извршам судот над Моав. И ќе знаат дека Јас Сум Господ!”

12. Господ Бог зборува вака: „Затоа што Едом му се одмазди на Јудиниот дом, и тешко згреши со таа одмазда,

13. Господ Бог зборува вака: ‘Ќе ја кренам раката против Едом, ќе ги истребам меѓу него и луѓето и животните! Ќе го претворам во пустина: од Теман до Тедан сите ќе изгинат од меч.

Прочитајте целосна глава Езекиел 25