Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 24:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. И ми дојде Господово слово:

16. ”Човечки сине, еве, ќе ти ја одземам со ненадејна смрт желбата на твоите очи! Не тагувај, не плачи и не рони солзи!

17. Липај тивко, но не жали како што се жали за мртвите! И завиткај повез околу главата, а обуј обувки на нозете. Не покривај ја брадата и не јади погачи за жалост.”

18. Така му пророкував на народот, а навечер ми умре жената, та утреден направив како што ми беше заповедано.

19. На тоа народот ме праша: „Не ќе ни кажеш ли што значи за нас тоа што го правиш?”

20. Јас им одговорив: „Ми дојде Господово слово:

Прочитајте целосна глава Езекиел 24