Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 23:41-49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. А потоа седнуваше на раскошна постела, пред која беше послан стол, на кој ги ставуваше Мојот темјан и Моето масло.

42. Тука се слушаше подвикнувањето на веселото друштво заради големото мноштво доведено од сите страни на пустината; им ставаа на жените нараквици на рацете и прекрасни венци на главите.

43. И реков: ‘Со жена потоната во прељуба уште тераат блудство, и таа самата уште му се предава на блудот!’

44. & приоѓаат како на некаква блудница! Да, им приоѓаат на Ола и Олива, на развратничките.

45. Затоа праведниците ќе им судат, како што им се суди на прељубниците и на оние кои пролеваат крв, зашто тие се прељубнички, рацете им се окрвавени.

46. Зашто вака зборува Господ Бог: ‘Нека се свика собир против нив, за да ги подложам на измачување и на грабеж.

47. Собирот нека ги каменува и нека ги насече со мечеви; нека им ги исколе синовите и ќерките; а домовите нека им ги изгорат со оган.

48. Така ќе ставам крај на развратот на оваа земја, за да се опоменат другите жени да не ги прават вашите срамни дела.

49. А врз вас ќе го возложам сиот ваш разврат и ќе понесете казна за идолопоклонството. И ќе знаете дека Јас Сум Господ Бог.’”

Прочитајте целосна глава Езекиел 23