Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 20:40-49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

40. На Мојата Света Гора, на високата Израелева Гора - вели Господ Бог - ќе ми служи сиот Израелев дом, во целата земја. Таму тие ќе ми замилеат, и таму ќе ги барам вашите приноси и приносите на вашите први плодови со сите светини.

41. Ќе ми замилеете како пријатно кадење, кога ќе ве изведам од народите и кога ќе ве соберам од земјите во кои бевте расеани. И на вас ќе ја покажам Својата светост пред очите на сите народи.

42. Тогаш ќе знаете дека Јас Сум Господ, кога ќе ве доведам во Израелевата Земја, во земјата за која им се заколнав дека ќе им ја дадам на вашите татковци.

43. Таму ќе се спомнете за сите свои патишта и за сите ваши дела со кои се онечистивте: ќе се замразите сами себеси заради злоделата што ги направивте.

44. И тогаш ќе сознаете дека Јас Сум Господ кога, заради Моето Име, не постапувам со вас според вашите лоши патишта ни според вашите развратни дела, доме Израелев!” Така зборува Господ Бог.’”

45. И ми дојде Господово слово:

46. ”Човечки сине, сврти го лицето кон југ и истури беседа кон југ, та пророкувај против гората во Негевскиот Крај.

47. Речи и на неговата шума: ‘Послушај го Господовото слово! Господ Бог зборува вака: „Еве, ќе запалам оган сред тебе, и тој ќе го голтне во тебе секое дрво, зелено и суво! Разгорениот оган нема да згасне додека не изгори сè од север до југ.

48. И сите ќе видат дека Јас, Господ, го запалив тој оган, и нема да угасне.”‘“

49. На тоа реков: „О Господи Боже, та тие ќе речат за мене: ‘Еве го пак раскажувачот со приказни!’”

Прочитајте целосна глава Езекиел 20