Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 20:11-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. и им ги дадов своите заповеди и им ги објавив Своите закони, кои што секој треба да ги извршува за да живее;

12. им ги дадов и своите саботи, како знак меѓу Себе и нив, нека знаат дека Јас Сум Господ Кој ги осветува.

13. Но и во пустината Израелевиот дом се одметна од Мене: не одеа по Моите заповеди ги отфрлија Моите закони, кои што секој треба да ги исполнува за да живее; ги обесветуваа Моите саботи. И затоа одлучив во пустината да го излеам Мојот гнев врз нив за да ги сотрам.

14. Но ни тоа не го направив заради Своето Име, за да не се хули тоа пред народите пред чии очи ги изведов.

15. Но им се заколнав во пустината дека нема да ги воведам во земјата што им ја дадов, во земјата низ која течат мед и млеко, најубава од сите земји,

16. зашто ги отфрлија Моите закони, и не одеа по Моите заповеди, и ги обесветуваа моите саботи, а срцето им одеше по нивните идоли.

17. Моите очи сепак се сожалија за да не ги сотрам. И така не ги уништив во пустината.

18. Туку им реков на нивните синови во пустината: ‘Не одете по заповедите на вашите татковци, не ги пазете нивните закони и не се осквернувајте со нивните идоли!

19. Зашто Јас Сум Господ, ваш Бог! Одете по Моите заповеди пазете ги и исполнувајте ги Моите закони,

20. и празнувајте ги Моите саботи, тие нека бидат знак меѓу Мене и вас за да се знае дека Јас Сум Господ, ваш Бог!’

21. Но и синовите се одметнаа од Мене, не одеа по Моите заповеди, и не ги пазеа ни постапуваа по Моите закони, кои што секој треба да ги исполнува за да живее, а Моите саботи ги онечистија. И затоа одлучив да го излеам Мојот гнев и да ја излеам Својата јарост врз нив во пустината.

22. Но сепак ја воздржав Мојата рака заради Моето Име, за да не се хули тоа пред народите пред чии очи ги изведов.

23. Но, се заколнав во пустината дека ќе ги распрснам меѓу народите и дека ќе ги расеам по земјите,

Прочитајте целосна глава Езекиел 20