Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 2:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Те испраќам кај синовите со тврд поглед и со закоравено срце. Речи им: ‘Господ над Војските зборува вака!’

5. И послушале тие или непослушале - род се бунтовнички - нека знаат дека пророкот е меѓу нив.

6. А ти, човечки сине, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, иако трње те опкружува, и седиш меѓу самите скорпии. Не плаши се од нивните зборови и не бој се ни малку од нивниот поглед, зашто тие се род одметнички.

7. Зборувај им ги моите зборови, послушале тие или непослушале, зашто се одметнички род.

8. А ти човечки сине, послушај што ќе ти речам сега: Не биди одметник како што се тие одметнички род! Отвори ја устата и проголтај го тоа што ќе ти го дадам сега!”

9. И погледнав, а ете кон мене испружена рака и во неа, ете, книжен свиток.

10. И свитокот се одвитка пред мене: беше испишан однадвор и одвнатре, а во него напишано: „Плач! Ридање! Лелек!”

Прочитајте целосна глава Езекиел 2