Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 19:6-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Откако се научи да го дере пленот, почна да ги голта луѓето,

7. да им ги разурнува тврдините, да им ги запустува градовите, земјата се стресе и сè врз неа од силната негова рака.

8. Но луѓето од околните места се дигнаа против него и му поставија стапица; и лавот се фати во нивната јама.

9. Окован го затворија во решетка, го одведоа при вавилонскиот цар, таму го затворија во тврдина, за да не му се слуша веќе рикањето по Израелевите гори.

10. Твојата мајка беше како лоза посадена покрај вода, родна и гранчеста од изобилство на вода!

11. Имаше силна гранка за владетелска палка, се воздигна над венецот на стеблото, лична со височината, со многу гранчиња.

12. Но во гнев беше откорната и фрлена на земја. Источникот и го исуши родот: се скрши и овена нејзината силна гранка, и огнот ја голтна.

13. Беше пресадена во пустина, во сува земја безводна.

14. Но се разгоре пламен од нејзината прачка и и ги спали гранките и плодовите! И нема веќе врз неа силна гранка за владетелска палка.’” Еве, тоа е тажачка и ќе остане тажачка.

Прочитајте целосна глава Езекиел 19