Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 19:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А ти, човечки сине, затажи со тажачка за Израелевите кнезови.

2. Речи: ‘Што беше твојата мајка? Лавица меѓу лавовите, лежеше меѓу лавчињата, хранејќи ги своите млади.

3. И исхрани едно младо, кое стана лав. Откако се научи да го дере пленот, почна да ги голта луѓето!

4. Народите се здружија против него, лавот падна во нивната јама, го одведоа во вериги во Египетската Земја.

5. А кога мајката виде дека чека напразно и дека и пропадна надежта, зеде друго младо и направи лав од него.

6. Откако се научи да го дере пленот, почна да ги голта луѓето,

7. да им ги разурнува тврдините, да им ги запустува градовите, земјата се стресе и сè врз неа од силната негова рака.

Прочитајте целосна глава Езекиел 19