23. Зашто зар ми е Мене до тоа да умре безбожникот - говори Господ Бог - а не да се одврати од сите свои лоши патишта и да живее?
24. Ако ли праведникот се одврати од својата праведност и почне да прави неправда и сите гадости што ги работи безбожникот - дали ќе живее? Сите праведни дела што ги правел ќе бидат заборавени, а заради својата невера со која што изневери и заради гревовите што ги направил, ќе умре.
25. А вие велите: ‘Господовиот пат не е праведен!’ Чуј Израелев доме: Мојот ли пат не е праведен? Не се ли вашите патишта неправедни?
26. Ако праведникот се одврати од својата праведност и почне да прави неправда, па умре заради тоа, ќе умре заради неправдата што ја направил.
27. А ако безбожникот се одврати од својата безбожност што ја правел, па почне да ги врши Мојот закон и правда, ќе живее и нема да умре.
29. Но Израелевиот дом вели: ‘Господовиот пат не е праведен!’ Моите патишта ли не се праведни, доме Израелев? Не се ли неправедни вашите патишта?
30. Затоа доме Израелев, Јас ќе му судам секому според неговите патишта - говори Господ Бог. И така, покајте се и обратете се од сите свои престапи и вашиот грев не ќе ви биде гибел!
31. Отфрлете ги од себе сите гревови што ги правевте и направете си ново срце и нов дух! Зошто да умирате доме Израелев?
32. Јас не му ја сакам смртта на никој кој умира - говори Господ Бог. И така обратете се и живејте!”