Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 17:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ми дојде Господово слово:

2. ”Човечки сине, смисли гатанка и раскажи му приказна на Израелевиот дом! Речи:

3. ’Господ Бог зборува вака: „Голем орел, со големи крила, со долги перја, со густи шарени перца, долета на Ливан и грабна кедрова гранка;

4. му го скрши највисокото гранче, го однесе во земјата на трговците, и го спушти во градот на трговците.

5. Потоа зеде семе од земјата, го посади во плодна нива, го стави покрај изобилни води, го засади како врба.

6. Подникот из’рта, стана бујна лоза, ниска на раст, нејзините подници посегнаа кон орелот, а нејзините корења беа под него; се разви во бујна лоза, потера подници, ги разгранчи прачките.

7. Имаше и друг орел, голем и со големи крила, со густи перја. И ете, лозата протегна корења кон него, кон него ги насочи своите гранчиња за да ја напои подобро од почвата во која што беше посадена.

8. На плодна нива, покрај изобилни води, беше посадена: можеше да пушта прачки, да роди со плод, да порасте како величествена лоза.”‘

9. Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Дали таа ќе успее? Не ќе и ли ги олупи орелот сите корења? Не ќе и ли ги истрга сите плодови? Не ќе ли и се исушат сите прачки, штом ќе никнат? Да, и без силни мишки, и без мноштво народ, ќе ја откорне од коренот!

10. Ете, посадена е! Дали ќе успева? Штом ќе ја допре источниот ветар, не ќе ли се исуши сета? Да, во леите што никнува ќе овене.”‘“

11. Ми дојде Господовот слово:

Прочитајте целосна глава Езекиел 17