Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 15:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми дојде Господово слово:

2. ”Човечки сине! Во што е стеблото на лозата подобро од другите горски дрва?

3. Дали служи да се направи нешто од него? Дали се делка клин од него, за да се обеси нешто на него?

4. Ете, се фрла во оган за да изгори: кога огнот ќе му ги изгори двата краја и средината му ја спалува, може ли уште да послужи за нешто?

5. Ете, ни тогаш кога беше цело од него не можеше ништо да се направи. И така, за што може да послужи кога пламенот ќе го изгори?

6. Затоа Господ Бог зборува вака: ‘Како што стеблото на лозата меѓу другите дрва, го фрлив во огнот, за да изгори, така ќе постапам и со Ерусалимците!

7. Ќе го насочам Своето лице против нив, и кога ќе се избават од еден оган, друг ќе ги проголта. И ќе сознаете дека Јас Сум Господ, кога Своето лице ќе го насочам против нив

8. и ќе ја запустам сета земја, зашто Ми беа неверни!’ - говори Господ Бог.”

Прочитајте целосна глава Езекиел 15