Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 12:17-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И ми дојде Господово слово:

18. ”Човечки сине, јади леб загрижено и пиј вода со тресење од страв и со трепет!

19. И речи му на народот на земјата: ‘Господ, Господ, им зборува вака на ерусалимците во Израелевата земја: „Ќе јадат леб загрижено и ќе пијат вода со трепет, зашто земјата ќе им запустее, и ќе остане без ништо никаде, заради беззаконијата на своите жители.

20. И сите градови, сега населени, ќе бидат ограбени, а сета земја запустена. И ќе знаат дека Јас Сум Господ!”‘“

21. И ми дојде Господовото слово:

22. ”Човечки сине, какви ви се тие приказни за Израелевата земја? Се зборува: ‘Ете, деновите минуваат, а од пророштвото ништо!’

23. Затоа речи им: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ќе ги докрајчам тие приказни, и не ќе бидат повторувани веќе во Израел.” Речи им: „Деновите веќе наближуваат, и сите Мои пророштва ќе се исполнат!

24. Зашто не ќе има веќе во Израелевиот дом измамливи виденија, ни лажни пророштва, со кои што ги заведуваа луѓето.

25. Бидејќи што Јас, Господ, Господ, зборувам, тоа и ќе биде и словото нема да биде одложено! Да! уште во вашите дни, бунтовнички роду, ќе го изговорам словото и ќе го извршам.” Така зборува Господ, Господ!’”

26. И ми дојде Господово слово:

27. ”Човечки сиие! Еве што се зборува во Израелевиот дом: ‘Видението што овој го виде е за далечни денови! Пророкува за далечни времиња!’

28. Затоа речи им: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ниедно Мое слово нема веќе да се одложи! Што реков, речено е и сè ќе се исполни! - Говори Господ Бог.’”

Прочитајте целосна глава Езекиел 12